Цеце Георгиев – од мисица и манекенка до џокејка: Некогаш освојуваше дијадеми на модната писта додека парадира, денес награди додека јавајќи прескокнува препреки и галопира! (ФОТО)

popara8 октомври, 20214min0
cece

Оние што паметат малку подолго ја познаваат како Цеце Орешкова, манекенка, мисица,  топ модел.

Беше  една од првите македонски манекенки и топ модели, која имаше храброст да се соблече, што во она време кај нас и не беше баш така „едноставно“… Особено ако прва топлес се прошеташ по модната писта.

Потоа се омажи за тогаш својот колега, манекенот и машки модел Кристијан Георгиев, го зема неговото презиме и исчезна од модниот свет.

Јавноста, одново ја запозна како разголена трудница на Инстаграм, а непосредно потоа и како мајка на денес прекрасната ќеркичка која го доби името Кара Розмари. Од една љубов   се роди друга, како во приватниот живот, така и кога се хобито и професијата се во прашање. И таму се чини една љубов замина, ама во меѓувреме се роди друга.

Цеце Георгиев се подалеку од изборите за мис, модните писти и ревии, манекенството и моделството, себе си се пронајде во љубовта кон животните, особено кон коњите. Можеби заради студиите по ветерина или обратно, сеедно, на манекнката коњите, јавањето и џокејството и станаа повеќе од пасија…Или поточно речено, втора љубов!

А, љубовта кон нејзините најверни четвороножни пријатели и стана повеќе од обично хоби… Опсесија, која како тргнало лесно може да и прерасне и во нова професија, ако јавањето и статусот да се биде женски џокеј, тоа може да значи.Така некогашната манекенка стана џокејка… Се „прешалта“ од модната писта на хиподром!

Од обично, рекреативно- аматерско хоби, Цеце полека почна да навлегува и да ги открива и професионалните тајни на јавањето, за потоа да почне да оди и на натпревари.

Неодамна таа беше на Меѓународен натпревар во јавање во Хрватска, каде го освои второто место. Дузина фотографии осаммнаа на нејзините профили на социјалните мрежи и секско една голема посвета на сите заслужни за нејзинатата награда и успехот што го постигна, но и онаие што допрва следат. Од нејзиниот миленик и најверен другар, коњот Чарли до луѓето кои со неа работеле, како и оние, како што вели „неколку вистински човечки срца“ на кои без да им го спомене името, само со една насмевка ќе сфатат дека се однесува  на нив:

„Покрај сите подеми кои ме следеа од почетокот на јавачката сезона конечно успеав да го подигнам знамето на победа и да се радувам на девет успешно завршени паркури и едно второ место на меѓународните турнири во Загреб и Осијек… Прво ќе му се заблагодарам на Чарли , на ова четириножно суштество што уште еднаш ми покажа дека е мој најверен другар и никогаш нема да ме остави на цедило и дека кога е најтешко човек не треба да го изгуби еланот за остварување на своите соништа…Потоа ќе им кажам Благодарам на Јордан Јарчевски и Зоран Јовановиќ кои секогаш со трпение работеа со мене и Чарли и никогаш не се посомневаа во нашиот талент…. И на крај ќе им кажам Благодарам на неколку вистински човечки срца кои во ниеден момент не ме оставија сама и беа покрај мене. Без да ги именувам знам дека ќе се насмевнат и ќе знаат дека ова се однесува на нив… и Да , Вистина е дека има пријатели кои се повеќе од семејство“ – сподели Цеце на социјалните мрежи.

Како што е вистина и дека животот е чуден и непредвидлив во своите текови….

Те носи од еден крај на друг, од една на друга страна, те соочува со разни предизвици, подеми и падови, се’ додека не се осознаеш себе си, не се пронајдеш, не го трасираш својот пат кон среќата, успехот, задоволството, не ја откриеш и научиш да уживаш во убавината на истиот тој живот кој го живееме.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma