Колку пати сте го кажале зборот љубов, а сте помислиле на секс?
Постои верување дека сексот е секогаш во главите на мажите, додека на жените ќе им биде тешко да признаат дека размислуваат за тоа, што, се разбира, не е точно.
Жените мислат на секс 18 пати на ден
Студија на страница за состаноци во која учествувале лица кои се во брак, покажала дека дамите имаат такви мисли во главата многу почесто отколку што сакаат да признаат, поточно – 18 пати на ден! Резултатите покажуваат дека понежниот пол, во просек, размислува за водење љубов 51 минута, ако се смета дека спијат осум часа дневно.
Мажите мислат на секс на секои 28 минути
Што се однесува до мажите, тие го оправдуваат митот дека сексот за нив е речиси опсесија, бидејќи се покажа дека тие размислуваат за тоа на секои 28 минути, што е сепак помалку во споредба со општото верување дека тоа го прават на неколку минути. Истото истражување исто така откри дека 59 проценти од жените редовно фантазираат за секс со својот поранешен партнер, додека 49 проценти од мажите размислуваат за тоа.
Каде мажите сакаат да водат љубов?
А дали знаете каде мажите сакаат да водат љубов? Повеќе од половина рекле дека идеално место за нив е сексот под туш, покажа друго истражување. Оние кои го пробале тврдат дека просторот е како да е создаден за страст и задоволство, а 81 процент од нив би повториле такво искуство.
Експертите тврдат дека машката опсесија со сексот под туш не е толку бесмислена. Бидејќи се тушираме секој ден, зошто да не го „зачиниме“ со водење љубов? А, кога станува збор за сезоната, 56 проценти од испитаниците сметаат дека летото е идеално за водење љубов.