Изберете ја нијансата што ги истакнува вашите усни во потполност
Одамна е познато дека црвениот кармин е израз на женственост и елеганција.
Речиси секоја девојка треба да има барем еден ваков кармин во својот несесер за специјални прилики.
А ако немате, сега е вашата шанса да набавите една од овие нијанси, кои сега се многу популарни.
Жените кои сакаат да носат кармин добро знаат кои бои најмногу им одговараат. Во последно време, природните нијанси го заземаат првото место, така што сите девојки прво посегнуваат по овие бои, но оние похрабрите бираат светли нијанси, што ги прави да изгледаат многу впечатливо.
Оние жени кои избираат црвен кармин како дел од својот стајлинг, сигурно нема да останат незабележани бидејќи оваа нијанса ќе го привлече сечие внимание, па комплиментите сами ќе пристигнат.
Еве три нијанси на црвен кармин кои засега се ненадминливи и кои дефинитивно треба да ги набавите:
1. Светло-црвена нијанса која е на границата со портокалово-корална боја.
2. Црвен кармин со интензивен сјај.
3. Темно црвен кармин кој ја нагласува големината на усните