РАЈАН ГОСЛИНГ ПРОГОВОРИ ЗА БРАКОТ СО ЕВА МЕНДЕЗ: Актерот вешто го крие својот приватен живот, а сега одлучи да открие СE!

11 октомври, 2021
2749323_rajan-gosling_ls

Ева Мендез и Рајан Гослинг се едни од оние холивудски парови кои речиси никогаш не зборуваат за својот живот, особено откако станаа родители.

Сепак, актерот неодамна направи исклучок и многу слободно ги кажа деталите од нивното секојдневие, од она што го добил како подарок од неговата сопруга за Денот на таткото, до тоа како тие „се снаоѓале“ со своите деца за време на карантинот.

“Децата се мали, па секако им беше тешко да не ги гледаат своите пријатели (поради епидемиолошката ситуација), како и другите членови на семејството. Значи, ние дадовме се од себе за да го задржиме нивното внимание” рече Рајан во интервју за „GQ“.

Rajan Gosling, Eva Mendez

“Ева и јас во карантинот глумевме повеќе од кога и да било! Буквално. Тогаш почнав многу да размислувам за времето. Тие растат толку брзо, всушност. И почнав да гледам во часовникот многу повеќе”, призна актерот.

Патем, парот ги има ќерките Аманда (5) и Есмералда (7), а девојчињата никогаш не биле прикажани во јавност.

Актерот се пофали дека добил часовник за Денот на таткото, кој се слави во Америка.

“Марката не е важна, туку она што го претставува. Тој часовник, на кој гледам толку често. Сега сум на стража, знаете, претставува нешто такво”, објасни тој.

Mens Health, Rajan Gosling
escort - Korsan taksi