Идниот војвода од Севилја, Франциско де Борбон (43), се ожени со својата долгогодишна свршеница Софи Елизабет Кароли на раскошна церемонија во Марбела.
Софи изгледаше преубаво во прекрасната, топ венчаница со нагласен долен дел направен од тул, а младоженецот се одлучи за традиционален костум што личи на униформа.
Невестата подоцна се пресоблече уште два пати во атрактивни, светкави фустани прилагодени за вечерни пригоди, во хотел беше организирана раскошна венчавка, а гостите уживаа во огномет, шоу со дронови и серенади, пренесува „Daily Mail“.
На венчавката присуствуваше и синот на Софи и Франциско, кој ја придружуваше неговата мајка до олтарот.
Да се потсетиме, младоженецот (43) е син на Франциско Хоакин и покојната грофица Беатриз фон Хандерберг и директен потомок на машката линија на шпански и француски благороднички семејства од Куќата Борбон.