Природата има решенија за оваа непријатност.
Доколку ве мачи непријатниот мирис на стапалата, купете чевли изработени од природна кожа, по можност не премногу исончана или обоена, бидејќи овие постапки ги затвораат порите и го спречуваат дишењето, како за чевлите, така и за стапалата.
Носете чорапи од природни влакна и носете еден пар чевли само еден ден. Потоа оставете ги да отстојат два дена за целосно да се исушат и да се ослободите од бактериите.
Покрај редовната хигиена, подгответе специјална бања за стапала:
Рецепт:
- даб, кора 50гр
- орев, лист 50 гр
- желад од даб 50 гр
Подготовка:
Во четири литри врела вода, ставете 70 гр од мешавината и варете на тивок оган 10 минути.
Кога ќе се оладат, држете ги стапалата во нефилтрираниот чај околу 30 минути, а потоа оставете ги нозете сами да се исушат. Носете памучни чорапи.