Утрото на 16 октомври 2007 година беше кобно за македонскиот пејач Тоше Проески кој почина во сообраќајна несреќа на пат за Хрватска на местото наречено Нова градишка.
Македонската музичка сцена тогаш го изгуби најдобриот музички вокал и пејач, естрадните уметници изгубија пријател и колега, а неговото семејство го изгуби најдрагиот, најсаканиот член.
Носталгијата и тагата по Тоше Проески и неговата музика не престануваат ни по 14 години. Тој зад себе остави бројни песни, хитови кои ќе се пејат засекогаш.
Утре (16 октомври 2021) се полнат 14 години откако згасна животот на најголемата македонска музичка ѕвезда.
По тој повод, пејачката Калиопи Букле се огласи на својот „Инстаграм“ со емотивна порака.
Имено, пејачката објави видео, а во описот му посвети стих од песната „Бар да си ту“ („Барем да си тука“).
„Барем да си тука и да те имам крај себе
Барем уште еднаш
моите раце сега да те гушнат.
Наближува 16 октомври, и тагата ми го стега грлото се повеќе и повеќе“, напиша пејачката во описот.
Инаку, ултрамаратонците го започнуваат својот маратон за на 16 октомври напладне да стигнат во родното Крушево на Тоше и на неговото вечно почивалиште, на Гумење, за да му оддадат почит на големиот музичар и хуманитарец.
Петмина ултрамаратонци во Хрватча вчера (14 откромври 2021) околу 17 часот го започнаа симболичното истрчување на 15 километри од Нова Градишка, од местото на големата трагедија пред 14 години. Уште 10-те ултрамаратонци, својот маратон до Крушево и до Гумење ќе го започнат во петок, на 15-ти октомври околу 14 часот од граничниот премин Табановце, па преку Скопје да стигнат до Крушево на 16 октомври напладне.
Преземено од vistina.com.mk