Најдете друго место за да ги ставите овие работи, но никако под креветот
Поддржувачите на фенг шуи веруваат дека се носи одредена енергија. Местото каде што ги ставате предметите, исто така, може да донесе позитивна или негативна атмосфера во домот.
Секоја работа има одредено место, а за некои воопшто нема место во куќата.
Ако ги чувате овие работи под креветот, треба веднаш тоа да го промените. Некои предмети носат негативна енергија со себе, и тие влијаат врз нас додека спиеме. Јасно е дека поминуваме многу време во кревет, па затоа не сакаме никакви лоши вибрации во негова близина.
Работи кои будат лоши спомени
Ако ве поврзуваат со лоши работи, тие постојано ќе создаваат лоша енергија во вашиот дом.
Подароци и фотографии од поранешни партнери или пријатели
Овие работи постојано не тераат да размислуваме за минатото и работите што треба да ги надминеме. Значи, ако сакате да се ослободите од духовите од минатото, ослободете се од непотребните подароци.
Износени, валкани алишта и чевли
На многумина им е тешко да се збогуваат со старите работи, па наоѓаат место каде што стојат долго време. Ако се премислите и не сакате да се ослободите од старите работи, чувајте ги на друго место, но никогаш под креветот, бидејќи привлекуваат беда.
Исушени билки
Околу креветот во кој спиете не смее да има исушено или овенато цвеќе. Се верува дека привлекува лошо здравје.
Оштетени и скршени предмети
Ваквите работи привлекуваат лоша среќа. Не им е место под креветот, а воопшто ни во куќата.
Стари, расипани технолошки уреди
Добро ни е позната ситуацијата во која наместо да го фрлиме расипаниот телефон, најчесто го зачувуваме, мислејќи дека можеби ќе ни затреба повторно во иднина, иако тоа никогаш не се случува. Таквите уреди обично завршуваат во кутија, и тоа под креветот. Ваквите работи носат лоша енергија и лошо расположение.