Милиони луѓе мака мачат со чешање на скалпот, а првутот им го влошува животот секојдневно
Многу луѓе трошат големи суми пари за разни шампони и други производи против првут, а постои евтина алтернатива која делува многу брзо. Тоа е лек што често го користиме за болка – ацетилсалицилна киселина или поедноставно – аспирин.
Овој лек има антиинфламаторно дејство кога се нанесува на кожата, а фактот дека нема стероиди придонесува да биде уште побезбеден.
Аспиринот може да биде одличен за пилинг на скалпот и чистење на скалпот од мртви клетки, маснотии, себум, како и наслаги од разни производи што ги користиме за миење, регенерација и стилизирање на косата. Го смирува воспалението и не ја суши кожата, како што понекогаш може да направи типичен шампон против првут. Ова е особено важно ако имате сува коса која треба да се хидрира.
Треба да смачкате три таблети аспирин и да додадете малку вода за да се растворат. Измешајте ја пастата со малку од вашиот омилен шампон и истријте ја во косата. Лесно масирајте и оставете да делува неколку минути. Можете исто така нежно да го чешлате коренот на косата со чешел со широки запци, повеќе за масажа на скалпот, отколку за чешлање на косата.
Исплакнете и нанесете мелем само на врвовите на косата, а потоа стилизирајте ја фризурата на вообичаен начин. Кожата ќе биде чиста, а чешањето ќе престане.