Нов подвид на коронавирус е регистриран во Русија

popara21 октомври, 20211min0
korona-virus-830x0

Русија регистрираше нов вид на коронавирус AY.4.2, подтип на сој на делта наречен „делта плус“, изјави денеска шефот на Научната група за дијагностички методи при рускиот научно-истражувачки институт, Камил Хафизов.

AY.4.2 е откриен во Велика Британија и според британските научници претставува еден од 45-те подвидови на делтата.

Директорот на Генетскиот институт на универзитетот, Франсоа Бало, сугерираше дека новиот вид може да се шири 10 до 15 проценти побрзо од претходниот, пренесува ТАС С.

– Да, некои изолирани случаи на сој AY.4.2 веќе се пријавени во Русија. Тоа е еден од многуте подвидови на делтата – рече Хафизов.

Рускиот експерт оцени дека појавата на нови соеви најверојатно ќе ја влоши епидемиолошката слика во земјата.

– Вирусот Делта веќе предизвика зголемување на бројот на случаи, а AY.4.2 веројатно дополнително ќе го зголеми бројот на нови случаи – предупреди Хафизов.

Тој објасни дека AY.4.2 веројатно би можел постепено да го помести оригиналниот делта сој, но „не е веројатно дека тоа ќе се случи наскоро“.

– Ова е потенцијално малку повеќе заразен вид – нагласи тој.

Хафизов нагласи дека руските вакцини се ефикасни против вирусот AY.4.2.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma