По ужасната вест дека актерот Алек Болдвин случајно ја пукал директорката на фотографија Халина Хачинс за време на снимањето на филмот „Rust“ и го ранил режисерот Џоел Соуз, како се чувствува преку социјалните мрежи објави и неговата наследничка Ајрленд Болдвин.
„Испраќам љубов и поддршка до семејството и пријателите на Халина Хачинс. Испраќам лековити мисли до Џоел Суза. И посакувам денес навистина силно да го гушнам татко ми“, напиша таа.
Во тешки и неочекувани моменти дава се од себе да му помогне на својот татко и на целото семејство.
Ајрленд тргна по стапките на својот татко, а покрај глумата и уметноста, се испроба и во манекенството, со оглед на необичната убавина и експресивност.
Алек за време на бракот со Ким Бесинџер доби наследничка, а моментално е во врска со Хиларија Болдвин со која има шест деца.