
Обликот на носот зборува многу за вас, т.е. може да има врска со вашиот карактер, па ако тој е на пр. конкавен значи дека сте рационална и дарежлива личност.
Како што бемките имаат свое значење на телото, така и обликот на носот кажува многу за една личност. Абрахам Тамир, професор на Универзитетот Бенгурион во Израел, потврди дека обликот на носот е поврзан со карактерот на една личност, а оваа студија ја објави во списанието „Journal of Craniofacial Surgery“.
- Накривен нос
Иако луѓето со ваков нос не се издвојуваат особено, оваа форма значи дека оние кои го имаат се луѓе полни со љубов. Се карактеризира со мост, како и заоблен врв. За луѓето со ваков нос често се вели дека се посветени пријатели и партнери.
- Нубиски нос
Луѓето со овој тип на нос се многу љубопитни и сакаат да знаат и слушаат се. Она што ги издвојува е тоа што се омилени во општеството, оптимисти и секогаш бараат решение за секој проблем. Се карактеризира со должина, мостот е рамен, а врвот на носот е насочен надолу.
- Грчки нос
На луѓето со ваква форма на нос им е тешко да се отворат и да разговараат за приватни работи. Тие се одликуваат и по тоа што не сакаат да бидат во центарот на вниманието и се многу резервирани. Името на оваа форма на нос датира од античките Грци.
- Копчест нос
Оние кои го имаат овој најпопуларен облик на носот, кој е краток и изгледа нежно, обично се многу спонтани и се случува да ги иритираат другите. Тие исто така сакаат да работат и да одат на работа.
- Кукаст нос
Овој облик на носот се споредува со птичји клун, а луѓето кои ја имаат оваа форма се пожртвувани и креативни. Тие храбро ги бранат своите верувања и не се плашат да ризикуваат.
- Конкавен нос
Луѓето кои го поседуваат овој нос обично се дарежливи и подготвени да им помогнат на другите. Исто така, поради изразената разумна страна, овие луѓе размислуваат многу за сите работи и може да се случи понекогаш да ги повредите без причина. Нивниот нос има мал лак на носната коска, изгледа кревко и не е падлив.