Состојки:
3 средни компири
1 поголем праз
200 гр посен мајонез
малку бибер и сол
Подготовка:
Компирите сварете ги со лушпата, изладете ги, а потоа излупете ги и исечете ги на помали коцки.
Празот исто така исечкајте го на ситни парчиња, посолете и малку изгмечете го со раце за да се опуштите.
Измешајте ги компирите и празот со мајонез, бибер по вкус и толку.
Уживајте, салатата е навистина извонредно вкусна!
Пријатно!