3 работи кои лесно ќе ви откријат дали мажот има сериозни намери

popara26 декември, 20211min00
par-shutterstock_251513194

„Читањето“ на нечии намери не е лесна задача. И додека можеби сте целосно подготвени за ново поглавје во животот со посилната половина, постои можност тоа да не му е ни на крај памет.

Како што пишува Your Tango, мажот не е подготвен за сериозна врска доколку ги прави овие работи.

Тој не сака да ве запознае со пријателите и семејството

Ова може да стане доста сомнително ако сте заедно веќе некое време, а тој одбива да ве запознае со важните луѓе во неговиот живот.

Секако, на некој му требаат неколку месеци, а некому една година за да се осмели да ја претстави својата поубава половина на своите блиски, но сосема е очигледно кога некој ќе се згрози од самата помисла на тоа.

Тие одбиваат да зборуваат за иднината

Едноставно не се чувствуваат удобно да ве вклучат во нивните планови за иднината. Кога ќе размислите малку подобро, може да има само една причина за тоа, а тоа е што тие не се гледаат со вас во иднина.

Тие често исчезнуваат некое време

Луѓето кои се плашат од поврзување со друга личност го прават тоа многу често. Тие престануваат да се јавуваат на личноста со која се гледаат и се прават дека не постојат. Со тоа сакаат да покажат дека не се спремни да го поминуваат секој ден со некого и да ги плаќаат сите сметки и дека им треба личност со која ќе се гледаат одвреме-навреме.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma