Хрватите го исмеваат споменикот на Тоше Проески: Ова е Елвис или младиот Фрањо Туѓман?

popara28 октомври, 20211min00
spomenik-u-cast-tosi-proeskom-nova-gradiska-17-foto-motionplay-agencija-830x0

Во Нова Градишка беше откриен споменикот на трагично загинатиот македонски пејач Тоше Проески, но многумина на социјалните мрежи почнаа да пишуваат дека статуата воопшто не личи на покојниот пејач.

Откривање на споменикот на Тоше Проески во Нова Градишка предизвика лавина од незадоволни коментари.

„Намерата е добра, но статуата воопшто не личи на Тоше“, напиша еден коментатор.

„Добро е дека пишува дека е Тоше“.

„Ако ова е Тоше, тогаш јас сум Пленковиќ“.

„Да ми е да ги видам лицата на луѓето кога градоначалникот го тргна чаршафот и ја покажа статуата“.

„Ниту Македонците не би го препознале“.

„Неговото семејство треба да биде обештетено за овој „чин““.

„Тргнете го ова затоа што сите ви се смеат… Јас немам срце да се смеам затоа што е премногу тажно. Засрамете се!!! Да се ​​уништи ликот на Тодор Проески на таков начин е толку мачно што ми е тешко да ги пронајдам вистинските зборови за да го опишам овој срам“, гласи еден од бројните коментари на налутените обожаватели на Тоше.

Да потсетиме, статуата на Проески ја изработи скулпторот Славко Буниќ, а на откривањето присуствуваа нашиот амбасадор во Хрватска – Милаим Фетаи, градоначалникот на Нова Градишка – Винко Гргиќ и градоначалникот на Крушево – Томе Христовски.

Непрежалениот македонски славеј, Тоше Проески, беше познат по своите изведби, но и по скромноста, хуманоста и несебичноста. Имаше бројни хитови, го почитуваше целиот Балкан и пошироко и остави силна трага и во музиката и во срцата на луѓето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma