Не ви се јавува после првиот состанок?

28 октомври, 20210
Screenshot_2

Може да постојат бројни причини поради кои вашата симпатија не ве повикала следното утро после состанокот кој според вас поминал одлично. Ви ги откриваме четирите најчести причини.

Тишина после состaнокот? Сака малку да се помачите

Некои луѓе се свесни дека покажувањето на преголем интерес може да предизвика погрешен ефект и баш поради тоа вашата симпатија како да губи интерес. Очекувајте да ви се јави два до три дена после состанокот. Ако на состанокот се поминало во ред, ќе ви даде малку време за одмор и размислување околу тоа на кој начин да го продолжите вашиот однос.

Побегна после состанокот? Можеби добил погрешен впечаток

Многу мажи не ја бараат девојката после првиот состанок ако таа премногу се разоткрила. Значи, ако на првиот состанок прво темелно сте се исповедале, па долго сте се бакнувале и на крај сте скокнале во неговиот кревет – не очекувајте повик. Додворувањето е добра причина за мажот повторно да се врати. Ако се се одвива пребрзо, вашата симпатија може да добие впечаток дека не сакате ништо сериозно.

Не се јавува после состанокот? Сака контрола и моќ

Ако мажот не се јави после состанокот, понекогаш тоа навистина нема врска со вас туку си него. Состаноците може да бидат крути затоа што по состанокот може да останете со скршено срце. Баш поради стравот такво нешто да не се случи, мажот едноставно исчезнува, било поради лоши искуства, било поради нешто друго. Ако после состанокот не се јави, ќе смета дека тој ве одбил вас, а не вие него, и дека тој е победник во таа имагинарна игра. Сепак, знајте дека таквото однесување нема врска со вас.

Едноставно не е заинтересиран

Најчеста причини за не јавување по состанокот е сепак неговата незаинтересираност. Очигледно нешто му пречело – вашиот изглед, вашата интелегенција, или едноставно немало хемија. Не губете време размислувајќи што не било во ред. Наместо тоа насмевнете се и продолжете понатаму.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *