Не е на одмет да се знае…
Кога станува збор за здравјето, постојат оние очигледни и помалку очигледни симптоми, кои укажуваат дека нешто не е во ред.
Кивање, температура, кашлање… сето тоа се јасни знаци дека вашето тело се бори со нешто. Сепак, постојат многу други болести, чии симптоми луѓето несвесно ги игнорираат.
Една таква болест е ревматоидниот артритис. Ревматоидниот артритис е хронично воспалително ревматско заболување, кое првенствено ги зафаќа зглобовите, но не ретко и внатрешните органи, нервниот систем и кожата.
Доктор Каран Раџ, кој е многу популарен на социјалната мрежа ТикТок, истакнува дека постојат три знаци кои укажуваат на оваа болест, а кои не смеете да ги игнорирате:
- хронична болка
- несвестица
- вкочанетост
Еве како тој го објасни тоа