Многумина ги користат СМС пораките за да го „испитаат теренот“ и од сигурна дистанца да се обидат да дознаат дали симпатиите се обострани.
Ако девојката што ви се допаѓа не е заинтересирана, таа многу полесно ќе ви даде дознаење на овој начин отколку во 4 очи.
И овој тип на флерт има правила:
– Кога се допишувате, бидете фини, весели и вметнувајте „смајли“, но не претерувајте. Задолжително спомнете нешто за што претходно дте разговарале и дајте ѝ до знаење дека се сеќавате на сẻ што е поврзано со неа. Вметнете го нејзиното име во пораката овде-онде , бидејќи тоа ќе го направи разговорот потопол и поинтимен. Особено би било добро да го напишете името кога ќе ẻ дадете комплимент.
– Не претерувајте со пишувањето. Премногу долгите пораки може да го изгубат своето значење, додека пократките ќе бидат појасни, а разговорот повозбудлив. Исто така, не претерувајте со искажувањето емоции, бидејќи и без тоа, очигледно е дека ја заведувате. Останете малку мистериозни и на растојание.
– Не бидете наметливи и дозволете ѝ да предложи средба „во живо“. Ако сте испратиле порака и нема веднаш одговор, никогаш не праќајте друга. Кога ќе исчезне темата за допишување, завршете го разговорот или одговорете нешто неодредено. Сето ова ќе ја направи комуникацијата возбудлива, но на суптилен начин, па таа ќе сака да ви врати.