Три причини зошто сè уште не ви кажал дека ве САКА: Едната е загрижувачка, но ако го направите ОВА, сẻ ќе биде во ред

popara19 јануари, 20221min00
Ljubavni-par-2-2048x1365

Емоциите се развиваат поинаку кај мажите отколку кај жените

Заљубени сте и среќни. Вашата врска напредува, постојано се развива и вашите чувства стануваат се посилни и посилни.

Очекувате партнерот да го премине тој праг и да ви ги каже двата магични збора: „Те сакам!“. Така би се погрижиле вашата врска да оди во вистинска насока и дека неговите планови за иднината се слични на вашите.

Сепак, тој никако да ги изговори, а тоа ве фрустрира. Не ви е јасно зошто се случува ова, која е точната причина за тоа и како да го „извлечете“ од тоа.

Постојат неколку причини зошто тој може да одолговлекува. Не мора веднаш да значи дека планира да раскине или да не се чувствува исто како и вие.

  1. Свесен е дека не е во состојба да ги исполни вашите очекувања

Во сериозна љубовна врска потребна е инвестиција. Постои можност неговите приоритети во животот да се поинакви во моментот и да мисли дека со преминување во сериозна врска, која започнува со споменатите зборови, вашите очекувања ќе станат поголеми.

Мисли дека нема да може да ги исполни, а со тоа ќе ве изгуби.

Можеби тоа што ви го дава во тој момент ти е доволно, а ако е така, важно е да му го кажете тоа.

Најважно во тој случај е дека и двајцата сте запознаени со можностите и желбите.

  1. Не е свесен што значи тоа

Можеби вашиот партнер досега немал сериозна врска и не знае точно како е да се чувствува љубов.

Можно е да го чувствува тоа, но да не го препознае како такво.

  1. Не го чувствува тоа

Ова може да биде многу загрижувачко за вас. Меѓутоа, ако заклучите дека тој не се чувствува исто како вас, не брзајте, не раскинувајте веднаш.

Емоциите кај мажите и жените се развиваат со различно темпо, а ако тие не го чувствуваат тоа во моментов, тоа не значи дека нема да се случи наскоро.

Што би можеле да направите

Затоа, пред сè, бидете трпеливи. Се обидувате да разберете што значи љубовта за него.

Дајте му до знаење дека тоа што ви го дава е сосема доволно и дека уживате во сите заеднички моменти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma