Во деведесеттите, на работ на пубертетот, гледајќи го „Girl, Interrupted“, многумина од нас решија да ја скратат косата како пиксито на Виноне Рајдер. Резултатот? Нималку како филмската дива, повеќе во стилот на „little boy, interrupted“. Сепак, актерката не престана да не инспирира со нејзиниот автентичен изглед и моден израз: во морето на долгокосите русокоси и бринети и барби естетиката што владееше во тоа време, Винона внесе здив на свежина.
Кожна јакна, маица и црвен кармин или црна јакна се минимализмот што модните носталгичари се обидуваат да го оживеат. Флапер фустаните во пудра со монистра имаат сосема поинаква, ретро гламурозна нота, а сепак одлично се вклопуваат во нејзиниот стил, додека црвено-црните фустани кои ја истакнуваат силуетата изгледаат исто толку актуелни и денес. Додајте на тоа ланчиња со жици и малку smokey eye и ја добивме непогрешливата модна формула на оваа филмска ѕвезда за модни комбинации на сите времиња!