Зошто треба да се избегнува ЧЕШЛАЊЕ НА МОКРАТА КОСА?

popara31 октомври, 20211min00
1da8865ce9c93a2ed835ce3cdb7076051e635ae5

Иако многумина ја чешлаат косата додека е мокра, сепак оваа навика не е добра.

Чешлањето на косата е нешто во кое може да се ужива, особено ако вашата коса е разбушавена. Исто така, запците на четката му одговараат на скалпот бидејќи го масираат и ја подобруваат циркулацијата.

Многу луѓе ја чешлаат влажната коса веднаш по миењето, за да ја отплеткаат пред сушењето. Сепак, оваа навика не е добра, особено ако имате права коса.

Косата е поподложна на оштетувања кога е мокра, па затоа е поголема веројатноста да се скрши, особено ако се обидувате да ја отплеткате.

За оние кои имаат права коса, чешлањето на мократа коса ја суши и ја оштетува косата, бидејќи влажната коса е почувствителна. Кога ја истегнуваме влажната коса, таа се издолжува, растегнува и на крајот пука.

Најдобро е целосно мократа коса да ја чешлате со чешел со пошироки запци или да чекате да се исуши. Ако навистина не можете да се откажете од оваа навика, одложете го чешлањето за десет минути.

Од друга страна, оние кои имаат локни или брановидна коса, треба да ја чешлаат додека е мокра, бидејќи сувата кадрава коса не може да се чешла безболно и успешно. Но, и овде треба да бидете внимателни, па пред да се расчешлате, пожелно е да нанесете малку спреј или балзам за чешлање на косата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma