Џорџина Родригез објави фотографија од ултразвук.
„Нестрплива“, напиша Џорџина покрај фотографијата од докторската ординација на која се гледаат и нејзините и децата на Роналдо како седат и чекаат мама да го заврши прегледот.
View this post on Instagram
Роналдо во коментарите објави емотикон. Неговиот коментар за помалку од половина час доби на повеќе од 2.000 лајкови.
Џорџина и Роналдо минатата недела објавија дека очекуваат близнаци.
“Пресреќни сме што можеме да објавиме дека очекуваме близнаци. Нашите срца се полни со љубов и едвај чекаме да ве запознаеме. Благословени сме”, напиша Роналдо.
Тоа ќе биддат петто и шесто дете на славниот фудбалер и втор пар близнаци.
Џорџина ја роди нивната ќерка Алан Мартин пред четири години, неколку месеци откако близнаците Ева Марија и Матео беа родени од сурогат мајка. Сурогат мајката на Роналдо го роди и неговиот најстар син Кристијано Јуниор, кој има 11 години.