Shiloh Jolie-Pitt присвои уште еден фустан од ормарот на мајка ѝ Анџелина Џоли: Изгледа подеднакво прекрасно како на Анџелина!

popara2 ноември, 20211min00
profimedia-0639678900-790x527

Анџелина Џоли вредно го промовира најновиот филм „Eternals“ ширум светот, во кој ја толкува улогата на воинот Thene, а на тоа патување друштво и прават децаta кои го следат „дрес кодот“ и во тие прилики носат дизајнерски креации. Но, тие докажуваат дека за да биде некое парче облека посебно, не значи дека треба да се носи само еднаш, туку од плакарот ја вадат веќе истрошената облека. Шајло не се двоуми да ги приспособи креациите на мајка си на сопствениот вкус – на премиерата на филмот носеше редизајниран фустан од Габриеле Херст, а шармот на надградбата го покажа носејќи скратен фустан на Диор во Лондон.

Фустанот првично го носеше Анџелина на прес-конференција за филмот „Maleficient: Mistress of Evil“ во 2019 година, во целосна должина, а Шајло очигледно претпочита пократки кроеви, па од него направи фустан во А линија.

Некои жени можеби се вознемирени од помислата дека децата ќе ги „преуредат“ нејзините дизајнерски парчиња со ножици, но како што самата рече, Анџелина не е од оние мајки: „Повеќе сум во стил, слободно земи го, ќе го носиш подобро од мене, твој ред е. „Со оглед на ваквото размислување каде што облеката не само што се чува за идните генерации, туку им е препуштена да се прилагоди на нивниот дух, со нетрпение очекуваме да видиме повеќе винтиџ, половни и модерни изгледи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma