ОВЕН
Добивате подарок од партнерот. Ова е одлично време привремено да ги закопате секирите и да смислите начин да ги решите вашите недоразбирања. Ако ја пропуштите оваа можност, долго ќе чекате за нова. Бидете внимателни на улица, особено во сообраќајот.
БИК
Изложени сте на непријатности. Ако продолжите да одбивате да ја прифатите новата ситуација, работите ќе ги влошите. Дополнително, очекувајте компликации со службениците, па советот е се што правите да е законски исправно.
БЛИЗНАЦИ
Пред вас е ден во кој ќе се борите помеѓу покорноста и сечија волја и потребата да реагирате луто, мотивирани од критиките кои со задоволство би ги упатиле кон другите. Резултатот е голем замор кој ќе ве обземе во текот на вечерта.
РАК
Можете да сметате на големата поддршка од пријателите и соработниците, бидејќи во изминатиот период со вашата посветеност тоа го заслуживте од нив. Од вас се очекува да потпишете договор кој ќе ја одведе вашата кариера во друга насока.
ЛАВ
Транзитите ви даваат шанса конечно на најдобар можен начин да ги презентирате вашите идеи кои досега биле погрешно разбрани и да ја добиете поддршката од соработниците од кои најмалку сте очекувале. Пазете се од повреди, а особено бидете внимателни во сообраќајот.
ДЕВИЦА
Денот го одбележаа непријатности на работа. Негативната енергија која се акумулирала подолго време ја прелива чашата и вашето трпение е при крај. Мал повод ќе биде доволен за да го расчистите целиот хаос со потег кој за многумина околу вас ќе биде несфатлив.
ВАГА
Иако сте свесни за тежината на финансиската ситуација, тоа не ве спречува да ја искористите целата своја креативност и да потрошите одредена сума пари на мали задоволства кои ќе ги споделите со драги луѓе. Тоа е единствениот начин да се расположите денес.
ШКОРПИЈА
Околу вас владее многу хаос и не ве бива во снаоѓање во него. Стагнирате на местото каде што сте се нашле, но не губите надеж. Сето ова што се случува денес, во суштина, отвора поволни можности за кои веќе, некаде во себе, имате одлично чувство.
СТРЕЛЕЦ
Ве мачи сомнежот, па ги кревате ѕидовите околу вас. Наместо љубомора, вразумете се и вратете си ја самодовербата. Партнерот ќе ве награди повеќекратно, а вие ќе најдете нова љубов во себе, онаа за која мислевте дека не постои. Верувајте во себе и ќе успеете.
ЈАРЕЦ
Нетактични сте и не можете да воспоставите комуникација и на работа и во љубов. Ако ги одложите договорите и напорните активности, ќе избегнете да се нервирате. Колку и да сте посветени и одговорни, добро време е да се одморите.
ВОДОЛИЈА
Полни сте со разбирање за другите луѓе, сепак, бидете внимателни бидејќи ве следат предизвикувачки понуди кои некој ви ветува голема финансиска добивка. Внимавајте со парите денес, бидејќи ако налетате на нив, коцките ќе паднат токму на страната каде што најмалку очекувате.
РИБА
Гласот од заборавен пријател од минатото ви го разубавува денот. Оставете го настрана сето она што сте го испланирале за денес и поминете часови во лежерно дружење. На некој начин таа личност ги навестува промените кои ви доаѓаат во наредниот период.