За се е „крив“ Џон Кенеди! Фустанот на Мерилин Монро продаден за неверојатна бројка – дали се вистински волку милиони?!

popara3 ноември, 20211min00
5041_profimedia-0210799203_f

Фустанот кој холивудската ѕвезда Мерлин Монро го носеше додека му ја пееше песната „Среќен роденден, господине претседателе“ на американскиот претседател Џон Кенеди, беше продаден во 2016 година за 4.810.000 долари.

Така, овој фустан ги собори сите рекорди бидејќи претходно се предвидуваше дека фустанот ќе достигне цена од 2.000.000 долари.

Светкавиот фустан кој е украсен со дури 2.500.000 рачно сошиени кристали „Сваровски“ е фустан во кој Мерилин ни го одзема здивот.

Фустанот бил толку тесен што легендарната актерка наводно не облекла ништо одоздола, па таа скокнала во фустанот само неколку секунди пред да излезе на сцената во Медисон Сквер Гарден далечната 1962 година.

Фустанот првпат беше продаден на аукција во аукциската куќа Кристи во 1999 година и беше купен од бизнисменот Мартин Цвиг за 1,3 милиони долари.

– Сцената во која Мерилин пее Happy Birthday Mr. President е дефинитивно еден од најлегендарните во американската историја – изјави претседателот на аукциската куќа Џулиен, Дарен Џулиен, каде што беше продаден фустанот.

– Вечерва ова беше еден од најважните настани за нашата компанија. Ние сме неверојатно привилегирани што можевме да го понудиме овој фантастичен фустан на продажба – изјави тогаш Џулиен.

Мерлин Монро почина само три месеци откако се појави во овој фантастичен фустан, додека Џон Кенеди беше убиен само една година подоцна.

Покрај ова, коктел фустанот што Мерилин го носеше во филмот „Некои го сакаат тоа жешко“ беше продаден на аукција за 450.000 долари, додека фустанот „Rose Tatoo“ беше продаден за 125.000 долари. Чевлите Ferragamo што ги поседуваше Монро се продадени за 34.000 долари, додека нејзината ноќница Нијагара достигна цена од дури 59.000 долари.

Неверојатен факт е дека скицата на Mr. President фустанот дизајниран од Боб Меки е продадена за 10.000 долари. Повеќе од 1.000 предмети што Мерилин ги остави зад себе беа ставени на аукција и сите беа продадени за само три дена.

Познатата актерка и пејачка почина на само 36 години, а нејзиниот лик и дело се уште се на топ листите на многу колекционери ширум светот.

Пред пет години фустанот кој ја прослави во филмот „Seven Years of Fidelity“ и ја лансираше во легендите, продаден е за неверојатни 5,5 милиони долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma