Појадокот според многумина е најважниот оброк, а оваа храна е најлоша за празен стомак.
Појадокот е многу важен оброк – може или да ви го разубави денот или да ви го наруши. Лекарите велат дека одредени намирници можат да бидат исто толку штетни доколку ги консумираме „на празен стомак“.
Зошто е важен првиот оброк наутро? Појадокот предизвикува многу метаболички процеси, па затоа е важно да се знае од кои состојки е направен и како тие влијаат на телото. Во голема мера го обликува нашето однесување во исхраната, влијае на здравјето на поединечните органи и на телото во целина. Утринскиот оброк влијае на расположението, па дури и телесната тежина често зависи од тоа што јадеме наутро.
Затоа, експертите препорачуваат секое утро да пиете чаша топла вода и да изберете протеинска храна. А што е тоа што не се препорачува?
Свежо исцеден сок
Киселите сокови, што повеќето од оние што ги нарекуваме здрави и се направени од цедено овошје, можат да бидат штетни за желудникот. Згора на тоа, соковите се извор на едноставни шеќери кои нема да не заситат, напротив! Ако ги пиеме на празен стомак, само ќе го зголемат апетитот и ќе направат повеќе да се таложат маснотиите. Сето ова влијае на дебелината. Нутриционистите велат дека доколку преферирате „течни“ оброци, подобро е да појадувате смути од зеленчук.
Секаков вид пециво
Повеќето луѓе избираат пециво за првиот утрински оброк, но овие намирници се една од најлошите опции. Големото количество шеќер, маснотии и пченично брашно само го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, а тоа создава лажно чувство на ситост кое многу брзо поминува. Пецивата на празен стомак само придонесуваат за вишок килограми.