Избегнете го брзото распаѓање: Доволно е да ја перете оваа гардероба еднаш годишно

popara3 ноември, 20211min00
Screenshot 2021-11-03 200950

Проверете која гардероба е доволно да се пере само еднаш годишно

Волнени палта и јакни

На крајот на зимската сезона однесете го на хемиско чистење и потоа ставете го во плакарот. Едно перење годишно е доволно за волнено палто, а ако го правите тоа почесто, ќе се истроши побрзо. Третирајте ги сите мали дамки со средства за отстранување, бидејќи поради нив сне се исплати да се чисти целиот капут.

Кожна јакна

Исто како и зимските волнени палта, кожените јакни треба да се перат на хемиско чистење најмногу еднаш годишно. Ако истурите нешто врз неа лесно избришете го местото со добро исцедена влажна крпа. Кожената јакна е едно од парчињата облека што треба да ги има секоја жена, а задолжително чувајте ја во проветрен плакар, за кожата да не се исуши.

Волнен шешир

За разлика од зимските волнени капи, цврстите волнении шапки потешко ја апсорбираат нечистотијата од нашата коса, па затоа едно хемиско чистење годишно ќе биде доволно. Четкајте го редовно во една насока додека го носите.

Патики

Секако, тоа не важи за оние во кои вежбате или трчате бидејќи тие патики апсорбираат голема количина пот и треба почесто да се мијат. Сепак, оние што ги носите кога одите на кафе со пријателите или слични ситуации кога патиките се само моден додаток, треба да ги чистите еднаш годишно. Експертите советуваат да не ги перете во машина за перење, туку да ги потопите во вода со малку детергент еден час, а потоа со четка за заби истријте ја внатрешноста и ставете ги да се исушат.

Ако сепак сакате почесто да ги чистите овие предмети, следете ги упатствата на етикетата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma