Популарната старлета Кајли Џенер наводно се омажила за своето момче Тревис Скот
Кајли е во поодмината бременост и чека уште едно дете со Тревис Скот, а она што сите го забележаа е дека никогаш не изгледала посреќно и позадоволно.
Кајли неодамна беше фотографирана со својата ќерка на аеродромот во Лос Анџелес, а додека ја облекувала јакната, на левата рака можел да се забележи прстен кој наликува на бурма. Се шпекулира дека Кајли тајно го кажала судбоносното, „да“.
Сепак, изгледа Тревис неодамна решил да им приреди интересно, но и скапо изненадување на своите принцези, па на ќерката Сторми и Кајли им купил луксузни прстени со дијаманти. Кајли ја објави фотографијата на Инстаграм со што ги разнежни нејзините следбеници.