ХОРОСКОП ЗА 4-ТИ НОЕМВРИ: Близнаците да се опкружат со луѓе, а Лавовите да ги решат недоразбирањата

popara4 ноември, 20211min00
18f2c65e825dc90b96aef29ee8d4bb85ff887544

ОВЕН

Денот пред нас е полн со динамика. Вие сте на работ на издржливоста. Веќе некое време нешто ви пречи на работа, а не сте во можност да му одолеете. Внимавајте, безопасна ситуација може да ве доведе до скандал.

БИК

Пред вас се сериозни задачи. Имате финансиски проблеми за кои треба да најдете решение. Не наоѓате разбирање ниту во кругот на семејството, па тоа уште повеќе ве оптоварува. Кога добро ќе се одморите, ќе се појави решение кое сега не го гледате.

БЛИЗНАЦИ

Дозволувате вашите финансии да го условуваат вашето расположение и динамиката на гледање со луѓето за кои се грижите. Ако ги игнорирате проблемите со парите, ќе сфатите дека дебел паричник не е неопходен за дружење и пријатни муабети.

РАК

Транзитите на планетите ви даваат шанса конечно да ги презентирате идеите, кои досега биле погрешно разбрани и да ја добиете поддршката од колегите од кои најмалку сте очекувале. Ќе имате и официјално познанство со влијателна личност која ја познавате од гледање.

ЛАВ

Се чувствувате непријатно бидејќи во вашата околина доминира чудна атмосфера која доколку не реагирате се заканува да ви стане штетна. Доколку не се вклучите на време и не ги расчистите можните недоразбирања, работите можат непоправливо да се комплицираат.

ДЕВИЦА
Вашето присуство е пожелно на секој собир. На вас е да ја искористите можноста да ја запознаете личноста која сака да ви се доближи. За да ја комплетирате атмосферата, совладајте ја својата духовитост за да не оставите впечаток на несериозна личност.

ВАГА

Се ближи моментот на реализација на некои проекти, како и можноста за потпишување нов договор. Сепак, бидете трпеливи и одложете ги последните потези, бидејќи, иако се оди според планот, се уште не се исполнети сите предуслови за да се стави крај на се. Избегнувајте кратенки.

ШКОРПИЈА

Детално го дизајниравте љубовниот живот, па, според вас, нема шанси работите да не бидат онакви какви што сакате. Занемарувате дека не е лесно да се предвиди развојот на настаните, особено ако во врската се вклучени емоции.

СТРЕЛЕЦ

Социјално сте расположени но и премногу нервозни. Обидете се да најдете рамнотежа во контактот со другите луѓе бидејќи тие не гледаат дека зад привидната смиреност се крие тензија која ве тера да направите нешто за што подоцна ќе зажалите.

ЈАРЕЦ

Можна е интересна средба со личност со слободно разбирање. Прифатете го предизвикот, но чувајте се во тајност бидејќи подоцна таа авантура може скапо да ве чини. Напнати сте, потребна ви е рекреација, но внимавајте на физичките повреди.

ВОДОЛИЈА

Под голем притисок сте. Вашата педантност не ви дозволува да ги оставите работите недовршени. Количината на обврските во однос на времето што го имате, дава слика дека самите сте си направиле хаос поради кој ќе завршите во кревет.

РИБА

Под голем притисок сте и од вас се очекува да спроведете не многу популарни мерки. Со вашето присуство нема да можете да спречите жестоки дискусии во кои ќе има тешки зборови. Заземете став и кажете го тоа што го имате без да кажете збор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma