Практичен, но и естетски интересен, шик и топол, шалот е незаменлив моден додаток кој ќе ги стопли и облагородува зимските комбинации на облека. За „тотален изглед“ најдобро е да изберете во боја на капут или јакна, а оние предимензионираните со дезен ќе го издигнат и сосема „основниот“ аутфит.
Најдобрите се направени од волна, кашмир или комбинација на материјали, а она што ги прави уште попосакувани е фактот што од сезона во сезона ќе бидат подеднакво актуелни. Еднобојни, на пруги или карирани одат со палта, јакни, кожени палта или кабаници, а ние издвоивме десет кул парчиња во неутрални нијанси и есенски дезени кои ќе си го најдат своето место во машкиот и женскиот гардеробер (ако веќе ги немате ).