Фановите се возбудени
Наскоро ќе се збогуваме со серијата „Casa De Papel“ која дојде до својот крај. Последниот дел, кој ќе биде емотивен, ќе биде прикажан на 3 декември на платформата Netflix.
Се појави и трејлер кој привлече внимание. Освен акцијата, има и емотивни моменти, пред сѐ солзи.
– На најголемиот грабеж на светот му се ближи крајот. Последната сезона на серијата „Casa de Papel“ започнува на 3 декември, само на Netflix – се наведува на YouTube каналот на серијата.
Што ќе биде со професорот, Хелсиншки и другите членови на бандата останува да видиме.
Дотогаш, погледнете го трејлерот: