Двејн Рок Џонсон повеќе нема да користи вистинско оружје на сетот: „Еден живот е изгубен“

popara4 ноември, 20211min00
profimedia-0593691271-830x0

Актерот е шокиран од случајот Болдвин

Познатиот актер Двејн Рок Џонсон изјави дека повеќе нема да користи вистинско огнено оружје на сетот, по несреќата кога Алек Болдвин случајно ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс, а го рани и режисерот Џоел Соуза на сетот на „Rust“.

Рок изјавил дека е шокиран од веста, па затоа донел таква одлука.

– Еден живот е изгубен. Можам да зборувам само во свое име, но без сомнение можам да ви кажам дека во сите филмови што ќе ги правиме со Seven Bucks Productions, било да се тоа филмови, ТВ серии или било што друго, нема да користиме вистинско огнено оружје – изјави Рок за Vareity.

Продукциската куќа отсега ќе користи пластично оружје, додека специјалните ефекти ќе се изведуваат во постпродукција.

– Трошокот не ни е важен. Страшно е тоа што мораше да се случи за да се промени нешто – изјави Џонсон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma