Јапонките имаат посебна тајна за постигнување блескав тен и убава кожа
Јапонките доминираат во однос на негата на кожата.Покрај генетиката, за младешкиот изглед на кожата е заслужен и нивниот начин на живот и ритуалите за убавина кои никогаш не ги прескокнуваат.
Кожата на повеќето Јапонки е еластична, негувана и има прекрасен тен. Како жените од земјата на изгрејсонцето успеваат во тоа? Некои експерти тврдат дека порцеланската кожа на жителите на земјата на изгрејсонцето е природен дар, други – дека е резултат на нивната исхрана и нега.
Најголемата тајна е дека Јапонките користат само природни состојки за нега на кожата. Еден од нив е оризот, кој се покажал како корисен за убавината.
Традиционално, гејшите користеле оризови трици за омекнување на косата и скалпот. Се капеле во оризова вода и со неа ја миеле косата. Тие користеле оризово брашно така што го потопувале во зовриена вода, а потоа се миеле со добиената течност. Мислеле дека на тој начин ќе се намалат брчките и ќе се зачува младоликоста.
Оризот ја храни кожата, ја штити од УВ зрачење и спречува појава на брчки. Домашните маски од ориз нежно ја негуваат кожата на лицето, правејќи ја затегната и еластична.
Ви носиме рецепт за јапонска маска од оризово брашно против брчки која ќе ги избрише годините од вашето лице и ќе направи да изгледате помладо и посвежо:
Измешајте 3 лажици оризово брашно, 2 лажички мед и 2 лажички јогурт. Сè добро мешајте додека не добиете хомогена смеса, а потоа нанесете ја маската на лицето, избегнувајќи ги очите и усните, вратот и деколтето. Оставете да делува околу 30 минути, а потоа нежно исплакнете со топла вода.
Еднаш неделно се препорачува употреба на јапонска маска од оризово брашно против брчки, а погодна е за сите типови кожа. Покрај оризот, главната тајна на јапонската убавина е ведрината, затоа смејте се што почесто и ќе зрачете со вистинска убавина.