Дамиано Давид и групата чиј фронтмен е, „Манескин“, освоија огромно внимание на јавноста со победата на евровизискиот натпревар, а на изгледот на контроверзниот Италијанец не остана имуна ниту пејачката Мајли Сајрус.
Имено, кога бендот направи обработка на песната „Midnight Sky“, која вообичаено ја изведува Мајли Сајрус, пејачката јавно ги пофали и истакна дека едвај чека да го запознае, а странските медиуми објавија дека му пишала и него и била воодушевена од неговиот изглед и пеење.
Сега конечно се видоа во живо, а средбата беше, слободно можеме да кажеме, повеќе од страсна.
Имено, по една модна ревија, пејачката го „грабнала“ згодниот Италијанец и не го пуштила да си оди, а фотографите, секако, беа тука за да уловат се. Мајли цело време му шепотела на уво, а иако и двајцата се смееле, изгледало како на Дамиано да му е малку непријатно.
Секако, не требаше многу време за да се прошири приказната дека пејачката е решена да го придобие згодниот пејач, а позната е по својот многу бурен љубовен живот. Наиме, Мајли имала врски и со мажи и со жени.
Да се потсетиме, Дамиано неодамна ги изненади сите со изјавата дека неговата прва голема љубов е пејачот Џејмс Артур, односно неговите настапи кои доведоа до инсинуации дека е геј, а досега безброј пати се бакнувал со сите членови на бендот.