Станува збор за суштинска хранлива материја, што значи дека треба да се внесува во организмот преку храната
Дали ви се случило наеднаш да изгубите здив и срцето да ви чука силно? Дали луѓето околу вас ви велат дека сте бледи во лицето? Сето ова се знаци дека на вашето тело му недостасува важен минерал – железо.
Во отсуство на железо, ткивата и органите не се доволно снабдени со кислород, па настанува хипоксија.
Железото е минерал кој игра многу важна улога во организмот, а главната се однесува на пренесување на кислород низ телото и производство на црвени крвни зрнца. Тоа е суштинска хранлива материја, што значи дека мора да се внесува во организмот преку храната.
Со вообичаената исхрана се зема во количина од 10 до 20 мг железо дневно, но се апсорбира помалку од 10%. За да спречите недостаток на овој минерал на време, треба да ги вклучите следниве намирници во вашата исхрана:
- Спанаќ
Спанаќот е природен извор на витамини, минерали и растителни влакна. Богат е со фитонутриенти, особено бета-каротен и лутеин, кои го прават зеленчук со многу антиоксиданси кои ги штитат клетките на телото. Обезбедува снабдување со кислород до клетките и ткивата и содржи железо, кое влијае на количината на хемоглобин во крвта.
- Јаткасти плодови
Покрај тоа што се исклучително вкусни, тие се вистинска ризница на здравјето. Богати се со здрави масти, богати со витамини и минерали, а меѓу нив е и железото кое го имаат во големи количини.
- Рукола
Како и другиот зелен лиснат зеленчук, руколата е богата со железо, но за разлика од спанаќот, не содржи високо ниво на оксална киселина, па железото многу полесно се апсорбира од него.
- Брокула
Овој зеленчук содржи големи количини на витамин Ц, кој помага во апсорпцијата на железото. Брокулата содржи и влакна, ниацин, магнезиум, калиум и омега-3 масни киселини, познати како чувари на срцето.
- Суви кајсии
Сувите кајсии, како и другите видови сушено овошје, се полни со хранливи материи. Освен вода и масти, содржат протеини, влакна, витамини, минерали и шеќери. Тие се богати и со железо и со витамин Ц.
- Темно чоколадо
Со конзумирање на темно чоколадо, чија основна состојка е какаото, не само што ќе ја задоволите потребата за слатки, туку на организмот ќе му обезбедите значителна доза на железо.
- Семки од тиква
Семките од тиква се ризница на витамини, минерали, протеини и антиоксиданси. Тиквата содржи витамини од Б групата, витамин Д, А, Ц, Е и витамин К, кој е неопходен за здравјето на кожата, коските, мускулите и крвта.