Она по што посегнуваат повеќето се скапи третмани, шампони и мелеми, но и тоа понекогаш не дава задоволителен резултат.
Убава, негувана и силна коса е сон на речиси секоја жена, но тоа е реалност само за некои. Покрај кожата и косата трпи надворешни влијанија, особено ветер, промена на времето, дожд и премногу студени денови.
Освен со сувост, се соочуваме и со изнемоштена коса, првут, но и опаѓање на косата. Стресот и загадувањето влијаат и на косата. Она по што посегнуваат повеќето се скапи третмани, шампони и мелеми, но и тоа понекогаш не дава задоволителен резултат.
Производот кој може да ги намали и спречи сите горенаведени проблеми е маслото од оригано.
Маслото од оригано потекнува од медитеранскиот регион и првично се користело само таму. Но, сега целиот Свет стана свесен за различните придобивки од ова масло, за кожата, косата и целото тело.
Ова масло, иако звучи како да е за готвење, всушност има повеќе лековити ефекти како што се антиинфламаторно, антиоксидативно, антидијабетично итн.
Многу е концентрирано, па пожелно е да се разреди со друго масло. Одлично е и за коса и за кожа, но треба да се внимава како се користи.
- Го отстранува првутот
Маслото од оригано има антибактериски својства и е многу корисно во борбата против првутот. Со редовна употреба го спречувате создавањето на бели лушпи во косата.
Измешајте неколку капки масло од оригано со шампонот што го користите редовно и измијте ја косата на вообичаен начин.
Покрај тоа, можете да го користите како маска за коса. Измешајте неколку капки масло од оригано со кокосово масло, нанесете на косата, водејќи сметка особено да го масирате темето.
Двата методи можат да бидат многу корисни за спречување и лекување на првут.
- Поттикнува побрз раст на косата
Антиоксидансите присутни во маслото од оригано им помагаат на вашите коски да бидат дебели и сјајни. Ова масло се препорачува да се користи и за масажа на скалпот. Ако го користите на овој начин, се подобрува циркулацијата, што промовира побрз раст на косата.
Ако го измешате маслото од оригано со друго масло како маслиново, кокосово или масло од јојоба, освен тоа што ќе расте побрзо, косата ќе биде мека и свиленкаста.
Измешајте масло од оригано со друго масло по ваш избор, па оставете го на скалпот околу 30 минути, а потоа исплакнете.
За уште подобри резултати, измијте ја косата со билни шампони.