5 прашања кои треба да си ги поставите себеси пред првиот состанок: Тие се клуч за добра идна врска

popara5 ноември, 20211min00
shutterstock1024338388-830x0

Сигурно еднаш ви се случило да сретнете личност која ви се допаднала на прв поглед. Почнавте да се допишувате, го договоривте првиот состанок, но не сте сигурни дали навистина треба да одите на него.

Ви се допаѓа, тоа е јасно, но некои други работи што не сте ги решиле со себе, ви вршат притисок.

Пред да започнете романса, треба да решите неколку сомнежи и внимателно да размислите за иднината што можеби ќе ја имате или не со таа личност.

1. Дали сум искрен за она што го сакам?

Луѓето се плашат кога ќе се постави ова прашање, но тоа е многу важно. Ако се покаже дека по неколку месеци или години сфатите дека личноста со која сте во врска не го сака истото како вие, ќе сфатите дека требаше да размислите за тоа многу порано.

Треба да имате барем фиктивна листа на работи што ги сакате во врската и животот, но имајте на ум дека таа листа е подложна на промени.

2. Каква личност барам?

Повеќето луѓе сакаат љубов, но не знаат што навистина бараат од партнерот. Треба да размислите какви доблести треба да има партнерот, кои вредности треба да ги негува и дури на крајот да ставите физички изглед.

Ако личноста со која се допишувате одговара на вашите очекувања, тогаш треба да и дадете шанса.

3. Дали ми недостасува нешто што се обидувам да го најдам во врската?

Ова прашање е многу важно, бидејќи можеби не ни знаете дека навистина ви недостига некој друг. Можеби вашите најдобри пријатели се иселиле, сте ја смениле работата, а со тоа и околината и едноставно не знаете што да правите со себе.

И тогаш се појави личност која ви е интересна, но сепак не го чувствувате „тоа“. Не се присилувајте, размислете и обидете се да ги најдете во себе одговорите кои можат да ви го променат животот.

4. Дали сум подготвен да го променам мојот животен стил?

Сериозната врска бара прилагодување, сериозна организација, прераспределба на приоритетите и промена на животниот стил. Ако не сте спремни да го споделите вашето време, простор, рамо за да плачете со некого, тогаш најправедно е да си го признаете прво самите себе, а потоа и на личноста со која сте во контакт.

5. Дали имам доволно време?

Можеби сте личност која е многу посветена на кариерата, факултетот, пријателите, хобиjaта… Што и да е, очигледно е дека имате малку време за себе. Дали сте подготвени да го посветите тоа „малку“ на некој друг?

Веројатно на почетокот би се обиделе да балансирате помеѓу врска, работа, учење, семејство, но неизбежно е еден ден да ја изгубите рамнотежата. Бидете искрени со себе и поставете јасни приоритети во животот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma