Оваа диета претставува идеална рамнотежа на зеленчук, овошје, јаткасти плодови, семки, риба и посно месо.
Благодарение на овој начин на исхрана, богат со бројни хранливи материи, маснотиите се согоруваат максимално и се овозможува здравјето да достигне оптимални нивоа.
Овој план на исхрана, освен за слабеење, ја подобрува работата на тироидната жлезда, дигестивниот тракт и е корисен за здравјето. Ќе ослабете 12 килограми за четири недели.
Што не треба да јадеме?
Млечни производи и производи од соја, растителни масла, сокови и преработени производи.
Формула 70:30
Најдобри резултати од диетата се постигнуваат ако менито го планираме така што дневно јадеме 70 отсто растителна храна и 30 отсто протеинска храна.
Фаза 1
Внесете радикални промени во менито веднаш, а не постепени. Заборавете на шеќерот и јаглехидратите. Јадете свеж зеленчук, но не и компири. Јадете овошје (најмногу бобинки), јаткасти плодови и семки, посно месо, домашни јајца и маслиново масло. Фазата трае две недели.
Фаза 2
Менито останува исто, но почнете да запишувате апсолутно се што сте јаделе во текот на денот. Ќе изгубите шест килограми.
Фаза 3
Во исхраната можете да вклучите малку мешунки, цели зрна, до два алкохолни пијалоци неделно. Не смеете слатки. Оваа фаза трае две недели.
Фаза 4
Започнете, ако веќе не сте, да вежбате. Менито е како во третата фаза и продолжете да запишувате што сте јаделе.
Пример мени:
Појадок: изматени две јајца со кромид, пиперки, кељ, зеленчук и зелен чај.
Ручек: градинарска салата и јаболко.
Ужина: хумус со целер или грст јаткасти плодови.
Вечера: Бело месо на скара со брокула на пареа, пиперка и салата од свеж зеленчук.