Адријана Лима блесна на црвениот тепих.
Престижната доделба на награди, Fashion Trust Arabia, се одржа на почетокот на оваа недела, а бразилската манекенка Адријана Лима е една од добитничките.
Адријана собра многубројни погледи во креација потпишана од познатиот дизајнер Зухаир Мурад. Таа се одлучи за впечатлива, наизглед едноставна тоалета. Носеше долг црн фустан, од раскошен материјал и детали од бисери и циркони на деколтето.
Косата ја врза во добро познатото, залижано ниско опавче и ги истакна цртите на лицето.
На овој настан Адријана беше придружувана од новото момче Андре Лемерс со кого се појави на филмскиот фестивал во Венеција.
Се сеќаваме дека Адријана порано беше „српска снаа“. Таа беше во брак со прославениот кошаркар Марко Јариќ од 2009 до 2016 година, со кој има две ќерки Валентина и Сиена.