ДОЗНАЈТЕ КОЈ КАШКАВАЛ НАЈДОБРО ОДИ НА ПИЦА! Од моцарела до пармезан

popara6 ноември, 20211min00
468508_pizza-5179939-1920_f

Постојат различни рецепти за подготовка на пица и нема некој кој не експериментирал со овој најпознат италијански специјалитет. Иако многумина мислат дека клучното е да се направи добро тесто, сепак потребно е нешто друго, а тоа е изборот на вистинскиот кашкавал. Ако сакате да го задоволите вашето семејство или пријатели со сочно парче пица, погледнете кои сирења најдобро одговараат со овој солен деликатес

Моцарела

Моцарелата е најкласичното сирење за пица. Може да се случи свежата моцарела да остави премногу вода на пицата, што резултира со кашесто тесто. Затоа е неопходно моцарелата да се завитка во чиста кујнска крпа и да се закачи некаде да се исцеди. Доколку оваа постапка е комплицирана, вишокот вода можете да го отстраните и со сечење на моцарелата на тенки парчиња, кои потоа треба да се избришат со хартиена крпа.

Фета сирење

Иако не е вообичаено да се става фета сирење на пица, неговиот солен, малку земјен вкус добро го поднесува печењето и не ја оштетува структурата. Најдобро е да се комбинира фета со други сирења.

Ако направите пица од 30 сантиметри, ставете околу 150 грама сирење, бидејќи ако ставите повеќе, вкусот на фетата ќе преовладува, па другите состојки нема да дојдат до израз.

Пармезан

Зрелите тврди сирења како пармезан или грана падано и даваат префинета нота на пицата, но поради специфичниот вкус и сувоста ваквите сирења не треба да се печат, туку да се рендаат по печењето.

Гауда

Кај нас пицата најмногу се прави со полутврди масни сирења од кравјо млеко, како што е гаудата која има кремаста структура. Гауда оди добро со други сирења како моцарела, фета, па дури и со чадени сирења или козји и овчи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma