Актерката мамеше воздишки на премиерата на новиот филм на Нетфликс во Лос Анџелес.
Гал Гадот, израелска актерка и поранешна мисица која го воодушеви Холивуд со улогата на „Wonder Woman“, оваа година во јули стана мајка по трет пат, кога го роди девојчето Даниела.
Речиси четири месеци по породувањето, убавата актерка се појави на премиерата на новиот филм на Нетфликс „Red Notice“ во Лос Анџелес, а со колегите позираше на црвениот тепих.
За оваа гламурозна пригода актерката се одлучи за смел и заводлив црвен фустан со светки, кој има длабоко деколте и шлиц на десната страна.
Својот стајлинг за чиста десетка поранешната Мис Израел го надополни со елегантна залижана боб фризура, дискретен накит и златни сандали со тенки ремени и високи потпетици.
Да се потсетиме, Гал Гадот со години е во среќен брак со израелскиот претприемач Јарон Варсан, а се запознале во 2006 година преку заеднички пријател на забава во израелската пустина. Актерката еднаш изјави дека веднаш се заљубила во својот сопруг и дека знаела дека Јарон е „вистинскиот“.
По две години врска, тие се венчале во септември 2008 година, во голем конгресен центар во Тел Авив. Денес живеат на релација Израел-Америка, а се горди родители на три ќерки, Маја, Алма и Даниела.