Кој и да го изнајми ќе се чувствува како главната хероина од популарната серија.
Кери Бредшо, главната хероина од серијата „Сексот и градот“ која ја игра Сара Џесика Паркер, за време на снимањето на оваа серија живееше во убав стан во Њујорк. Во станот ги преживеа сите маки со Биг, размислуваше за љубовта до доцна во ноќта, ги пишуваше своите колумни, но и книги.
Во станот се наоѓа и познатиот гардеробер на Кери во кој ги чуваше своите модни креации, како и неверојатен број пара чевли по кои е препознатлива.
Сега на платформата „Airbnb“ се појави интересна понуда – овој стан се изнајмува за само 23 долари од ноќ, а додека престојувате во апартманот ви стои на располагање се – дури и нејзината облека која можете да ја пробате и да проверите како ви стои.
Кој и да го изнајми ќе се чувствува како главната хероина од оваа серија.
На фотографиите подолу можете да видите како изгледа овој симпатичен мал стан кој моментално се изнајмува.
Станот може да го погледнете ТУКА!