ФАНОВИТЕ НАВИВАА ДА СЕ ВРАТИ ВО СЕКСОТ И ГРАДОТ: Познатата Саманта ќе ја гледаме во продолжението на ОВАА популарна серија! (ФОТО)

popara6 ноември, 20211min00
1186185_kim-katral-profimedia_ls

Снимањето на продолжението на серијата „Сексот и градот“ трае долго, а јавноста се уште се надева дека во познатото друштво ќе се приклучи и актерката Ким Катрал.

Сепак, иако актерката нема да ја гледаме во продолжението на оваа популарна серија, таа ќе игра една од главните улоги во спин-офот на познатиот ситком.

Kim Katral

Имено, фановите на Ким Катрал наскоро ќе можат да ја гледаат во продолжение на уште една популарна серија. Станува збор за спин-оф на серијата „Како ја запознав мајка ти“, како што пренесуваат странските медиуми, а актерката ќе ја толкува улогата на Софи во иднината.

Имено, во серијата Софи (Хилари Даф) му ја раскажува на синот приказната за тоа како го запознала неговиот татко: приказната не катапултира во 2021 година, каде што Софи и нејзината блиска група пријатели се обидуваат да дознаат кои се тие, што сакаат од животот и како да се заљубишво време на апликации за запознавање и неограничени можности. Дедлајн потврди дека актерката го поминала кастингот, а набргу потоа се огласи и самата Ким.

Profimedia, Kim Katral

Сепак, прва што ја објави добрата вест беше Хилари Даф, која на својот Инстаграм објави нивна заедничка фотографија.

“Кога Ким Катрал рече да, вреснав. Можете ли да ни најдете подобра фотографија од оваа што ја ископав на длабоката мрежа”, се пошегува актерката на крајот.

Коментарите го преплавија нејзиниот Инстаграм, а фановите беа воодушевени од новата улога на Катрал, иако сите се согласуваат дека како Саманта е најдобра и незаменлива, пренесува „Дејли мејл“.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma