Еве како да ги направите чевлите водоотпорни на наједноставен начин.
Наесен, кога врнежите се чести, многумина од нас се враќаат дома со влажни стапала. Понекогаш дождот ве фаќа неподготвени, а не сите чевли се водоотпорни, но одличната вест е што може да бидат. Сè што ви треба за да ги направите водоотпорни сите обувки, веќе имате дома!
За да ги заштитите чевлите, а со тоа и стапалата од дождот, потребен ви е восок, а можете да користите и свеќа која сигурно ја имате дома. Темелно тријте ги чевлите со восок или свеќа, внимавајќи да го покриете секое делче. И не грижете се дека чевлите во таа прилика ќе добијат малку поинаква боја, бидејќи нема да останат такви до крај.
Кога ќе ги истриете чевлите со восок, вклучете фен и насочете го топлиот воздух накај чевлите, додека восокот не се стопи, а тоа ќе го знаете со враќање настарата боја на чевлите.
И така, со малку труд, подготвени сте за секој дожд!