Мажите сметаат дека некои работи е подобро да се премолчат
Велат дека секоја жена има тајна која ја чува само за себе. Но, што е со мажите? И тие имаат тајни кои вешто ги кријат од партнерките.
Иако секое генерализирање кога станува збор за љубовта е главно погрешно, дури и во врска каде има одлична комуникација, постојат работи кои повеќето мажи никогаш нема да ги признаат или кажат на своите партнерки.
- „Не знам како да го направам тоа“
„Да се биде маж“ во очите на жената е многу важно за нив. Затоа започнуваат работа, дури и ако не се сигурни во успехот.
Мора да бидат силни и паметни пред својата дама, без разлика дали, да речеме, знаат да поправат нешто во куќата.
- „Не разбирам што ме прашуваш“
Жените сакаат да поставуваат прашања како што се: Како изгледам?, а во исто време очекуваат одговор кој ќе биде комплимент. Сепак, за повеќето мажи ова прашање е збунувачки во главата, па не знаат дали треба да кажат вистинско мислење или веднаш да дадат комплимент, дури и ако мислат дека не треба така.
И покрај тоа, тие никогаш нема да признаат дека се збунети и бараат од партнерката да им објасни што всушност очекува од одговорот.
- „Дај ми комплимент“
Традиција е дека комплименти обично даваат мажите, но и тие сакаат да слушнат пофалби. Потребни им се зборови на љубов, а таквите ситници можат да променат сè. Сепак, повеќето од нив никогаш отворено нема да го побараат тоа.
- „Сакам самоуверени жени“
Мажите ги доживуваат жените исто како и самите себе. Затоа мажот повеќе би сакал да избере поисполнета жена која има харизма, отколку модел кој нема самодоверба.