Медокс Џоли Пит сега е во своите дваесетти години и студира биотехнологија во Јужна Кореја.
Најстариот син на некогаш најпопуларниот актерски пар, големите ѕвезди Анџелина Џоли и Бред Пит, младиот Медокс Џоли Пит денес има 20 години и е успешен студент по биотехнологија на Универзитетот во Сеул, Јужна Кореја. Инаку, најстарото дете на овој поранешен пар е посвоено кога имал само седум месеци во далечната Камбоџа.
Имено, Анџелина Џоли била во Камбоџа далечната 2002 година за време на снимањето на филмот „Tomb Raider“, а решила да посвои и да стане мајка откако ги видела условите во кои таму живеат и растат децата. Иако тогаш не беше во брак со познатиот актер Бред Пит, оваа филмска ѕвезда го прифати и го одгледа како свое дете.
Неколку години подоцна во Етиопија, актерката Анџелина Џоли посвои и девојче по име Захара, која сега има 16 години. Кога го запознала Бред Пит, го посвоила и момчето Пакс од Виетнам, кој денес има 17 години, а поранешниот пар има и три биолошки деца, 15-годишното девојче Шајло и тринаесетгодишните близнаци Вивиен и Нокс.