Ја откри тајната на нејзината ВИТКА линија: Викторија Бекам се колне во ОВАА НАМИРНИЦА, ја јаде секој ден дури и да ѝ се заканува со труење!

popara7 ноември, 20211min00
5214_shutterstock-732211819_f

Многумина шпекулираат дека модниот дизајнер се придржува до ригорозни диети, но вистината е малку поинаква.

Поранешната членка на групата „Spice Girls“ (47), одамна откри дека само се грижи за намирниците што ги внесува и редовно оди во теретана.

Имено, сопругата на поранешниот фудбалер, Дејвид Бекам, признава дека не е „совршена“ бидејќи има и слаба точка, односно храна на која не може да ѝ одолее – а тоа е чаша вино!

Сепак, и покрај овој порок, таа има беспрекорна линија, а тврди дека адут ѝ е лососот.

Викторија јаде лосос секој ден, дури и кога ѝ се заканува труење поради претерано внесување, таа се држи до ова мени, а во интервју за „The Edit“ открива зошто е верна на оваа храна.

-Имав многу проблематична кожа, а потоа во Лос Анџелес запознав дерматолог, доктор Херолд Ланкер, кој е навистина неверојатен. Ми рече да јадам лосос секој ден. Зачудено го прашав: „Навистина, секој ден?“, а тој ми рече: „Да, за појадок, ручек и вечера“ – вели Викторија.

Откако оваа „тајна“ излезе на виделина, многу жени се запрашаа дали славниот дизајнер само се шегува или е сериозна – а Викторија требаше само да го каже ова:

– Постојат два типа на жени, додека некои знаењето што го поседуваат го задржуваат само за себе, други несебично го споделуваат. Имав доволно среќа да работам со најдобрите стилисти, шминкери и експерти за убавина и научив многу. Направив многу грешки, но извлеков лекции од тоа, а тоа сакам да го споделам со сите – изјавила поранешната „спајсица“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma