Важно е да се одржува ритам за да не се прекине полнењето
Чекањето да се префрлите од еден воз во друг или од еден лет на друг може да биде многу заморно. Нозете ви се вкочануваат од седење, а телефонот ви се празни од пребарување на интернет од чиста досада. Затоа идејата за „велосипедски станици“, кои можат да се најдат на аеродромите, железничките и автобуските станици, како и во трговските центри, станува се попопуларна во светот.
Педалирањето има двојна функција: да ги истегне уморните и вкочанети нозе и да го полни мобилниот телефон со енергијата што ја создавате со вртење на педалите.
Полнењето трае онолку долго колку и кога ќе го поврзете мобилниот телефон во штекерот со кабел. Важно е да се одржува ритам за да не се прекине полнењето.
Овие уреди може да се прикачат и на обичен велосипед, што е добар начин да се комбинира престојот на свеж воздух и стекнувањето кондиција со возење велосипед.
Неодамна една таква направа беше поставена на аеродромот во Истанбул, кој е важен патен центар, од каде тргнуваат голем број летови до речиси сите светски дестинации, а на кој се чека и по неколку часа.