Иако денес важи за еден од похармоничните познати парови, врската меѓу Кејт Мидлтон и принцот Вилијам не била секогаш толку идилична. Дали знаевте дека во 2006 година војводата од Кембриџ ја расплакал својата сегашна сопруга?
Имено, за време на празничниот период таа година, парот се договорил принцот да го помине Божиќ со семејството, по што ќе отпатува кај девојката за да ја дочекаат Новата година со неа и нејзиното семејство.
Но, Вилијам во последен момент се предомислил, па ден по Божиќ и се јавил на Кејт на телефон дека сепак ќе ги помине празниците дома, пишуваат странските медиуми.
Меѓу другото, авторката Кејти Никол напиша за ова во нејзината книга објавена во 2011 година, „Создавање на кралска романса“. Според книгата, Кејт останала во солзи откако Вилијам ја „откачил“ во последен момент.
Неколку недели подоцна, парот накратко раскина, но сепак сфати дека не можат еден без друг. Тие се венчаа во 2011 година и денес имаат три деца.