Оскаровката и позната „Pretty Woman“ неодамна го прослави својот 53-ти роденден, а би се рекло дека изгледа подобро од било кога! Таа сè уште зрачи со истата енергија и шарм, а нејзината насмевка и понатаму е една од најубавите во Холивуд.
Во текот на животот и кариерата, Џулија Робертс чекореше храбро, но претпазливо. Неа ја следеа скандали и озборувања, но успеа благодарение на нејзиниот непобитен талент и харизма. Она што го научила низ годините и што сè уште ги смета за важни животни лекции, таа го сподели со јавноста.
Освен што пет пати беше избрана за најубава жена на светот на листата на „Пипл“, нејзиното име се најде и на листата на оскаровци, поради улогата во „Ерин Броковиќ“. Добро познатата „Згодна жена“ јавноста често ја спомнува поради се што кажала за љубовта и животот низ годините. Очигледно актерката секогаш се трудела да ја пронајде среќата во малите нешта и да го „живее животот во моментот“ и не се двоумела многу да им покаже на сите што навистина чувствува.
Еве неколку многу мудри лекции за животот и љубовта на познатата актерка:
1. Жени, вие не сте центри за рехабилитација за лошо воспитани мажи. Не е ваша работа да ги едуцирате, поправате и менувате. Барате партнер, а не проект.
2. Неверојатно е што може да се случи ако само прегрнете некого. Тоа е најискрената и наједноставната работа, која често прави чуда. Се надевам дека сите ќе можеме да го направиме ова еден за друг.
3. Смешно е кога луѓето велат: „Мислам дека на Џулија не ѝ се допаѓам“. Душо, ако не те сакам, ќе знаеш.
4. Големите пријателства можат да се создадат кога ќе се видите во најдоброто, а потоа и во најлошото.
5. Имам толку среќа што сум лудо среќна во животот. Не е дека сега сум посреќна од кога и да е, затоа го велам тоа, јас сум позадоволна. Јас сум во пристаништето на мојот живот.
5. Ако миете шолја преку мијалникот, измијте ја таа чаша! Не грижете се за ништо друго. Забораваме да ги цениме наједноставните моменти од денот, возвишеното во обичното, а од тоа се состои животот. Само од тоа.